Во мислите пак ми спиеш ти

Денот кога ќе престанам да мислам на тебе ќе значи дека сум те преболела. Повторно тишина, месечината бдее над мојот прозорец, а јас лежам на креветот и ја посматрам. Таа е толку убава. Блеска со нејзината полнозрачност, таа им е мајка на сите ѕвезди на небото. Со ноќта се буди, а со денот заспива. Така и оваа ноќ стуткана на креветот размислувам за нас. Каде згрешивме? Многу добро знам каде беше грешката, но сега како да е касно да ја анализирам и да ја мислам. Би ти дала втора шанса доколку се покаеш и се извиниш, но повеќе од тоа нема да можам. Не мразам никого. Всушност и на непријателите(да и јас имам такви натрапници, денес не постои човек кој нема непријатели) не им посакувам најлошо, не па на момчето кое сум го љубела. Ти посакав да се вљубиш како никогаш до сега, но не во мене. А, таа која што ќе ја сакаш како што требаше да ме сакаш мене нека ти заврти грб, чисто да ја почувствуваш болката која ја носи со себе љубовта. Впрочем, каква би била таа љубов ако не боли? Не бев вљубена во тебе, но бев изненадена и три пати повеќе воодушевена од сознанието дека конечно најдов некој кој што ќе ме смее, некој со кој можам да бидам своја, некој со кој ќе можам да мечтаам и сонувам, некој кој знае да ме ислуша и кој знае да ми каже дека време е да молчам. Ти беше тој, можеби бев на работ да се вљубам силно и да му се предадам на човекот кој ми го разубави животот, но ти смени сѐ. Кога работите течеа како подмачкани, кога помислив дека напредуваме и сме чекор понапред, се случи најнеочекуваното нешто. Барем да не даваше лажна надеж, ах сега кога ќе помислам не знам ни воопшто што си мислел. Не знам колку ти била ситуацијата комплицирана, но немаш оправдување за кукавичкиот потег. Жалам, мене ми треба некој храбар кој знае што сака и знае да ме зачува. И повторно си ми во мислите, но сега чувствата се избледени, сепак ќе ги зачувам само најубавите спомени и со насмевка ќе се сеќавам на нив. Во мислите ми спиеш ти, но време е да те разбудам и да те испратам можеби, а можеби и не. Додека го слушам пијаното како свири во позадина ме галат нежните ноти и ме потсетуваат на твоите допири. Сега можеби некоја друга ја допираш, сеедно. Во мислите ќе ти заспијам јас денот кога ќе ме посакаш назад и ќе се трудиш да ме избркаш од таму, но не знам колку ќе ти успее. Во мислите ми спиеш ти, но мислам дека е време да се вратиш во твојот кревет.

Advertisements

„Каде е сега Љубовта?“

Хм. И чудно беше сето тоа како набрзина се заврза, а потоа ко никој да не забележа се одврза и дојде до самиот крај. Таа го заборави него. Добро. Не. Лажеше дека го заборави. Дека ќе може да живее без него. Се чинеше се толку комплицирано, а толку едноставно. Нивните тела беа една душа. Никој незнаеше за тоа. Градот молчеше на секој нивни врел бакнеж во ноќта. И се сакаа. Ама повеќе сакаа, да не се сакаат. Тоа што го правеа беше грев кон она што беа. Но, таа на крајот сфати. Сфати и се предаде на судбината. Тоа што го сакаше, не е нејзин избор. Тоа што го сакаше, беше всушност она. Нејзината љубов кон него, претставуваше вид кој можеше да се опише самата себе си. Иако знаеше дека покрај се, тие беа личности кои неможеа да се спојат. Сте виделе ли бесконечност? Затоа неможете да ја видите нивната љубов. И толку беше чудно сетоа тоа, што на крајот останаа еден покрај друг. И не му викаше ништо. Само молчеше. Дозволуваше времето да им нареди. Потоа, истото, не им нареди, туку молчешкум ги спои. Времето замолче. и повторно ги спои. Исто како таа да молчеше пред него. Тука гордоста ја немаше. Но, постоеше една сила која ги влечеше кон дното на морето, притоа запирајќи го нивното време, во погрешен час. Но, на крајот, сепак се изборија да бидат заедно. Нели, сепак љубовта победува… На крајот. А на самиот крај, ќе се запрашаат „Каде е сега Љубовта?“

Туѓ

Јас расеана, тој бил маж за сите… А можеби ќе ни успееше, можеби ќе бевме совршени… Но шансите да се промениме беа многу мали. Така требало да биде, си велам. Тој беше маж кој може да направи еднa жена среќна, и правеше, ги правеше сите среќни. И затоа, не беше за мене. Беше достапен за секоја, во секое време, на кое било место. А јас, сакав да бидеме едно слатко парче во слаткарницата на ќошот, или во кино, па може и во луна -парк, уште подобро во некој запуштен објект. И тој пак, ни десет минути цели не ми посветуваше, одел ваму, одел таму… А сега и цело време на светот да сака да ми го подари, да е целосно мој, не го сакам. Не ми треба сега, кога го сакав го немаше, беше постојано туѓ. И додека чекав да ме забележи, да стане мој, да биде единствен, се загуби желбата. Потона неизмерната љубов, а го сакав… И сега е доцна за се, доцна е да ја преминеме границата во која лежи пријателството. Доцна е за да бидеш моето се, сега веќе не те сакам. Сега си довoлен самиот на себе, кога немаш шанса повторно да бидеш туѓ.

„Еднаш. И никогаш повеќе“

Сончев ден. Добро утро…

Зарем не е преубаво чуство?

Стануваш… ги слушаш птиците на летните брези. Незнаеш дали да плачеш или смееш. Наеднаш се присетуваш дека на твојата најсакана личност е важен ден денес. Ја повикуваш сродната душа..твојата најдобра пријателка што може да те разбере и прифати онаков каков што си. Уживаш во изгрејсонцето додека го чекаш совршениот момент. Чуствуваш пеперутки во стомакот…но истовремено и страв и очај. Дали тоа е безнадежноста? Твојата најдобра пријателка ти вели дека се ќе биде во ред. И двајцата ја барате личноста на вашиот живот. Каде и да се завртам гледам луѓе без никаква вредност, затоа што таа личност не е до мене. Одеднаш ти кажуваат дека таа е веќе тука. Се вртиш и погледите ви се спојуваат. Како бурна хемиска реакција од која нема заштита. Уживаш во глетката… или гориш засекогаш. Знаеш дека тоа е најсреќниот ден за неа. Наеднаш ти оди да се затрчаш и да ја прегрнеш. Но тоа не е можно. Само уживаш во глетакта без допир. Но чудно чуство, некој да ти го допре срцето и тоа длабоко, не допирајќи те со прсти. Уживаш во длабочините на тие очи. Зјапаш во истата насмевка која долго си ја очекувал. Ти се чинат дијаманти во небото. Самиот став, и однесување ме возбудува. Но, некогаш животот ни дава една шанса… СЕГА или НИКОГАШ.

Велиш дека и другпат ќе ја видиш. Ќе се сретнете…можеби…некогаш. Се сеќаваш на првите денови и сеуште уживаш во таа глетка како да зјапаш во бледата месечина. Па дури и месечината да ја симнам не вреди. Одеднаш се потсетуваш дека е време да си одиш. Но ова не е за прв пат, па ниту за последен пат. Ова се случува секој пат кога ми се пружа оваа шанса. Се што е убаво кратко трае. Гледаш, и се сеќаваш дека мора да со одиш. МОРАШ. Се враќаш. Мојата најдобра пријателка и сестра може да го види жарот во моите очи што горат по тебе.

Но, знае дека тоа е привремена среќа. Дури има и рок на траење. Знае дека подоцна повторно ќе ми се наполнат очите со солзи. Едноставно таков е животот. Најубавите се случуваат случајно, а потоа мора да ги пуштиш да си одат. Но, верувај и да имав шанса да ти кажам дека те сакам, немаше да ти кажам. Зборовите би се заглавиле во грлото, а јас повторно би заплакал…

А таа личност не е ни најзгодната, ни најубавата.. но го има она привлечно нешто… нешто по привлечно и помоќно од гравитацијата…

Само таа личност…

“И која е сега кучката?„

И така ти кажувам, откоа раскинавме, цело време се труди да ме направи љубоморна. Абе брат, ако сакаш да ме направиш љубоморна, прво неа направи ја убава. Немам ништо против неа, ама тој ја прави ко да е кралица на мултиверзумов. Колку добра комбинација еј, глупак и кучка. Тој глупав, а таа гадна ко јазовец. И не љубоморам. Туф, ме заболе. Но стварта, е тоа што се обидуваат да ми го урнат светот врз глава, а таа незнае дека ми тргна една мака помалку. Можам само да и речам фала. А кога ќе помине тој под мојот прозорец со неа, напукана во штиклине од пазар, ништо нема да направам. Ама добро бе, со кој памет? Треба да си ментален за да излезеш со неа. Каква брука?…

И која е сега кучката, а? Едноставно, се за жалење. Неможам да ги прежалам. Заборавени од Бога. А ако некогаш дојде и ме моли, јас тогаш намерно ќе бидам со бившиот, барем да се знае кој е на врвот на светот. А тој сега слободно нека и припаѓа на една проста глупача. Си одговараат. Додека јас можам да имам кого сакам, дури и најубавиов од градов. А сега за сега, јас сум девојка за целиот свет.

Натерај го

А да не го сакаше до тој степен? До степенот да не можеш да си ставиш граници на твојата попустливост, да не можеш да се опуштиш ниту еден момент и да не се нервираш заради него.

Женска, тој е тип на дечко кој треба да направи многу нешта за да сфати што има до него. какво богатство крие таа насмевка која го сака премногу. Треба да ги помине сите мориња и планини за да те има тебе, но премногу е мрзлив и се остава на случајност. Сега ќе помислиш дека тој е океј и дека само така се однесува, дека за неколку дена се ќе се среди и ќе помине. Тие денови, знаеш и самата, никогаш нема да дојдат.

Натерај го бе девојко, натерај го да те сака како што ти го сакаш него.

Натерај го да му светнат очите од среќа кога ќе те види,

да те прегрне кога прегратка најмногу ти треба.

Натерај го да ти стане мотив за сите нешта што ги правиш во животот,

натерај го да не биде нерасположен кога ќе те види, треба да го натераш да се смее.

Нека дојде кај тебе, натерај го да се шетате, да уживате во шансите кои животот ви ги дава.

Натерај го да му бие срцето додека е со тебе, да ти го стопли животот, да ти даде насмевка,

да ги смени сите работи што ги погрешил, натерај го да ги смени сите денови во кои не бил со тебе.

Натерај го, лепотице да те љуби, па и ти да почнеш да живееш за да љубиш и да бидеш љубена,

а не да ти пропадне денот во нервози заради некој гад што те сака, ама не знае како да го покаже тоа!

Натерај го да ти рече:

„Ајде срце, можеби една прегратка може да промени се!“

„Децата со исти очи“

 Пурпурно небо и громогласна тишина. Две бледолики силуети се топеа под вжаренана светлина која ја разголуваше ноќта. Во етерот се чувствуваше слаткаст вкус на опојни мириси. Таа со стиснати дланки под своите колена бледо и занесено ја набљудуваше месечината додека ветрот низ своите прсти и ја галеше свиленкастата коса со медова боја. Зениците беше и пламнале во темносин жар кој полека и ја одземаше ориентацијата и за миг ја губеше од реалноста. Гласот и беше тивок и милозвучен, нежно пееше некоја позната мелодија која за миг и носеше некоја притаена свирепа насмевка на усните. Тешки воздишки доаѓаа од два чекори непосредно покрај неа. Силуета на момче кое во прстите го премотуваше речиси допушениот џоинт испуштајќи неколку дима. Погледите им се сретнуваа неколку пати и само заблудено ќе го отпревртеа погледот кон небото и повторно ќе започнеше нивното патешествие на мислите. Летаадалеку, живееа во друг свет. Тоа беше нивното бегство од реалноста. Бегаа од секојдневието. Таа од секојдневните осудувања и забрани, а тој од проблемите и незадоволството од светот. И двајцата имаа толку заеднички а сепак толку спротивни работи. Таа никогаш не успеваше да го сфати светот, да го гледа онака како другите. Беше премногу софистицирана за нив, имаше длабок поглед во кој можеше човек да потоне и засекогаш да се изгуби. Таа беше налик совршенство, налик перфекционист кој очајно трагаше по нешто несовршено кое ќе и докажеше дека светот е едно совршено несовршенство. Не сакаше некој кој беше совршена копија на нејзиниот Дон Жуан од фантазиите. Неа и требаше спасител кој ќе успее без предрасуди да ја извади нејзината бесна страна на површина, таа несовршеност која успешно ја криеше. А тој.. не беше ни принц од бајките ни осмислен Дон Жуан. Само обично урбано момче кое пораснало без предрасудите на општеството. Во свој филм и своја средина. Тоа беше тој. Со бесмислени соништа и налудничави идеи кои и самиот не ги разбираше. Со нескротлив дух кој бестрашно го покажуваше и живееше. Навидум беа како небото и земјата.. но во себе беа многу слични. А тоа попречуваше се, или тоа им даваше вистинска смисла на нивните различни битиа. Размислуваа далеку, за големи светови, за далечни патеки.. за иднина која ни малку не им изгледаше како реална. Понекогаш не можеа да пронајдат компромис помеѓу нивните карактери и сфаќања кои беа како црно и бело, но веднаш потоа знаеа да ги избришат тие општи гледишта кои им ги наметнуваше животот и повторно беа бесконечни. Нивната љубов и лудост немаше граници, и поради тоа на моменти изгледаше страшна. Како сон, како илузија. Ним им требаше повеќе од соништа, им требаше реалност каде што соништата можеа да оживеат. Таа не можеше да живее со некој чиј живот нема смисла, а тој не можеше да опстане во место каде постоеа ограничувања. Затоа нив никој никогаш не ги разбра.. не успеа да ги погледне од страната од која тие се гледаа меѓусебно. Нив ги раздвои реалноста, тоа што не успеаја да живеат во неа.. Затоа што таа не беше шарена како нивните соништа. Што им сторија? Неа и ги скршија крилјата, и ја ставија во златен кафез каде никогаш не ќе можи да ја отвори својата душа и да полета кон висините кои можеше да ги достигне. А него.. Тој ги имаше крилјата, но сам не знаеше да го обиколи светот. Беа совршено несовршенство, кое не успеа да опстане.. само остана во спомените. Имаа исти очи.. но различни погледи.

„Нашите светови“

Грешка беше, да грешка бевме уште од почетокот. Но не знам зошто толку настојувавме да пронајдеме нешто кое ќе го докажи токму спротивното. Јас и онака никогаш не те разбирав потполно, никогаш не успеав да пронајдам сигурно место во тој твој свет каде што имаше и многу други. Уште по фатална грешка беше што мислев дека можам да сменам нешто, дека барем со љубов ќе успеам да те променам.. барем малку. Така викаа сите.. човекот само кога е заљубен можи да се промени. И не знам од каде ми падна на памет таа идеа дека беше заљубен во мене. Изгледа сум ги помешала страста и љубовта. Не се исто.. страста трае мигови, но љубовта е вечна. Ти никогаш не научи како е некој да те сака, никогаш не научи да бидеш покрај некој кој избрирајќи помеѓу сите места на овој свет каде би можел да биде тој избрал да биде токму покрај тебе.. не правејќи ништо, затоа што му e повеќе од доволно само твоето присуство. Ете таква бев јас, можеби не умеев со зборови да ти опишам колку те сакам, но доволен беше еден поглед во моите очи и да ми го прочиташ срцето. Не, не се навикнав на тој твој свет кој имаше милион влезови и излези.. секогаш пристигнуваше некој нов, и некој заминуваше.. Јас секогаш останував некаде на средина, не знаев дали е време да одам или да се обидам повторно. И ти никогаш не научи да останеш, или јас не научив да те задржам. Ама не се ни трудев, барем во тоа останав достојна на мојата гордост што никогаш не те влечев за ракав да останеш покрај мене.. Ете така јас знаев да сакам, да те пуштам да одиш и тогаш да те засакам уште повеќе.. затоа што љубовта и надежта одат заедно, таа ми беше утеха дека пак ќе се вратиш. Изгледа и двата бевме залутале во погрешни светови, јас во твојот барав љубов.. а ти во мојот утеха. Но барем едно е сигурно, ти целиот свој живот ќе бегаш одсебе си и од љубовта, затоа што никогаш не си можел да живееш со тие окови, а јас барем ќе знам дека оној кој вистински сака, не му се ни потребни.

Таквите како него

Сега не остана ништо, можеби само пепел од оној оган кој некогаш гореше. Едно скршено срце желно за љубов. Една насмевка која криеше илјада солзи и едни очи полни со надеж. Сакаш да продолжиш, а неможеш. Сакаш да се обидеш, а неможеш. И се обидуваш да сакаш, но неможеш. Чудно е како веќе никому не веруваш, чудно е како се плашиш да погледнеш друг. Кога еднаш ќе те повредат, веќе не си истиот. Но сепак пробуваш да извлечеш надеж од неговите очи, во тие очи гледав се што сакав да имам. Сакаш да му ја наплатиш секоја солза, но со која сила а? Те уништи и срцето ти го направи слагалица која само он знае да ја склопи. Како да игра некоја игра. Со него никогаш не знаеш на што си. Нашето беше топло-ладно. Но имавме нешто посебно, нешто што се случува само еднаш во животот. Беше чудно, имав некое чувство што само јас го разбирам но незнаев да го објаснам. Имавме љубов, имавме нешто што само ние можевме да го разбереме. Бевме различни од другите. Му бев се што никоја друга нема никогаш да биде. Можеби и сеуште сум но премногу е горд за да признае. Од него неможеш ништо да извлечеш. Секогаш се прашував што крие тој поглед од кој имам немир и таа насмевка од која око не сум склопила. Се прашуваш ли зошто во еден момент е добар, а во другиот сосема ладен. Се прашуваш ли зошто го интересира се за тебе а ко демек онака прашал. Е не, не прашал онака, нека не ти ги шитка више тие ефтини фори кои се многу провидни. И да, нека престане да глуми дека му е сеедно со кој си зошто стварно не му е. Се прашувам само како му успева да сокрие се што мисли и чувствува. Епа он беше господинот Совршен, на него се му успева. Таквите како него никогаш не признаваат ништо. Тој само доаѓа да те потсети дека е тука кога мисли дека те губи. Само доаѓа за да не го заборавиш. Нека не ти зборува за “засекогаш”, таквите како него неможат да му дадат значење на тој збор, но сепак никогаш не сакаат да те изгубаат.

За тебе .

Бев оттргната од срцата на другите,како да ми беше скратена љубовта што струеше меѓу останатите.Се осеќав потполно отфрлено,не од очите,но од срцата.Тогаш се срушија сите ѕидови што ја изолирале љубовта,тогаш се појави личност која знам дека безусловно ќе ме сака,ќе ме почитува и цени како никој друг до сега.За многу брзо време научивме да се сакаме,ме засака онаква каква што сум,ниту во еден момент не почувствува потреба за промена затоа што сум лоша,ме засака затоа што бев таква,ги прифати сите мои страни без разлика дали беа добри или лоши,без разлика колку тешко беа прифатени од останатите.Долго чекав да запознаам личност како неа,признавам дека повеќе од се посакував пријателство во кое постојат само две личности,во кое кажаните зборови остануваат само на местото каде што се кажани,остануваат засекогаш само во нас.Кога нешто ќе шепнеш на едно уво,а нема да го слушнеш од десет усти,тогаш знаеш дека љубовта на твојот пријател е неизмерна.Секогаш ќе останам со тебе пријателке,во цела толпа луѓе нема да најдам друга како тебе.Деновите ќе поминат,спомените ќе талкаат низ минатото,кога вистината ќе боли,кога ќе бидеш повредена,кога ќе бидеш и најсреќна,знаеш дека имаш пријател што ќе остане со тебе без разлика на се,како рамо за плачење,со искрени желби за тебе.Пријателите идат и заминуваат,сите се променуваат,но вистинскиот пријател се навикнува да живее со тие промени,ги прифаќа сите работи што ги имаш направено.Чувај се од “добрината“ на луѓето,често немаат таква намера,немаат намера да го ослободат своето место,за да бидеш во чекор со нив,запамти дека сите се грижат за себе и многу ретко некој ти посакува поголем успех од својот.За тебе,пријателке,се би направила,можам и животот да го дадам,знаеш дека кога и да тргне нешто по лош пат,заедно со своите сили ќе успееме да тргнеме по вистинскиот,без разлика колку ствари треба да жртвуваме.Иако безброј пати ти го имам ова кажано и свесна сум дека го знаеш,ќе морам да повторам дека те сакам неизмерно и дека се би направила за тебе,колку и да е недостижен врвот,само да те видам среќна!!